Оди на содржината

Од фактура до подготвени наименувања за царинска декларација.

SmartDeclarant го автоматизира најмакотрпниот дел од подготовката на царинската декларација. Ги препознава ставките од фактурата, предлага тарифни ознаки, ги групира во наименувања и генерира Smart извештај подготвен за вашиот шпедитерски софтвер.

Најави се

Одлуката е секогаш ваша. Системот предлага, декларантот потврдува.

Пример

Предизвиците во царинското тарифирање

  • 10.149 тарифни ознаки

    Секоја ставка од фактурата бара точна тарифна ознака. Царинската тарифа е голема, а роковите се кратки.

  • Памети потврдени тарифни ознаки

    Секое претходно обработено и потврдено тарифирање за иста стока се памети. При повторен увоз од ист добавувач, SmartDeclarant автоматски ја предлага претходно потврдената тарифна ознака.

  • Максимална точност

    Потврдувањето на описот на ставките и тарифните ознаки ја зголемува точноста и сигурноста на идните обработки.

Како работи

  1. Прикачете фактура

    Работата започнува едноставно. Прикачете PDF, слика или Excel фактура. SmartDeclarant автоматски ги препознава ставките и вредностите, а вие само ги потврдувате.

  2. Тарифирање

    За секоја ставка добивате предлог тарифна ознака со образложение и повикување на правните забелешки. Потврдувате со еден клик.

  3. Финална фактура

    Потврдените ставки автоматски се групираат во посебни наименувања според тарифната ознака, потеклото и преференцијалот.

  4. Извештај

    Добивате Smart извештај и спецификација, подготвени за вашиот шпедитерски софтвер. Како бонус, добивате и пресметка на увозните давачки.

На што се потпира

SmartDeclarant користи официјални и проверени извори на податоци за прецизно тарифирање.

10.149
Тарифни ознаки од ТАРИМ
56.418
Задолжителни тарифни информации (BTI) на Европската Унија

Пакети и цени

Цени за

Двата режима работат автоматски и ја користат истата класификациска анализа. Разликата е само во тоа кој го прави последниот избор.

Почетен
49месечно

до 1.500 ставки месечно

Про
99месечно

до 5.000 ставки месечно

Елит
179месечно

до 12.000 ставки месечно

Годишно плаќање: два месеци гратис.

Без картичка при старт. Плаќате по фактура и вирман.

Видете го на ваша фактура

Донесете една фактура што веќе сте ја обработиле рачно и споредете го резултатот.

Најави се